Healthy Food

Кето, ниско-калорично или мени за мускулна маса: Која диета од FitGuru е за тебе? | by Anastasija Atanasovska | FitGuru | Oct, 2021

Anastasija Atanasovska

Исхрана и тренинг — двата најважни моменти на кои треба да се обрне внимание за да се води здрав и квалитетен живот. Секако, лесно е да се каже дека треба да вежбаме и да се грижиме за себе, но кога ќе влеземе подлабоко во темата, се отвораат многу прашања на кои треба да се најде одговор. Токму FitGuru ќе биде местото на кое ќе може да ги најдеш одговорите.

Иако можеби звучи како клише, изреката “We are what we eat” (парафразирано: Како јадеш, така се чувствуваш) многумина кои се занимаваат со фитнесот ќе се согласат дека е голема вистина. Ова го посочува и Дејан Пауновски, личен тренер, професионален бодибилдер и водич низ програмите и менијата на FitGuru. Тој вели дека комбинацијата на персонализирана исхрана базирана на цели проследена со правилен тренинг, на долг рок носи вистински и конкретни резултати.

“Бенефитите од здравата и регулирана исхрана се огромни, поголеми од што првично можеме да замислиме. Важноста од правилна нутриција има и директен и индиректен ефект врз нашето генерално здравје, имунитет, дигестивен систем, физичка состојба, а потоа секако и врз нашиот изглед”, вели Дејан, кој дополнително потенцира дека залудна би била секоја тренинг програма доколку не е проследена со избалансирана и истемпирана храна, која е соодветна со барањата и потребите на телото.

Токму затоа, FitGuru на својата платформа ќе нуди три различни типа на диети, за сечии потреби и цели. При првично регистрирање на платформата, корисникот ќе има можност да пополни прашалник кој ќе му даде мени кое соодветствува со внесените податоци. Потоа, ќе може да избере три различни типови на менија: кето-мени, ниско-калорично мени, и мени за градење на мускулна маса. Сите овие менија (диети) содржат оборци кои се доставуваат до посакуваната адреса на корисникот.

Идеалната синергија во телото се случува кога имаме редовна активност, проследена со здрава исхрана во точно време, и доволна хидрација на телото.

Која диета од Fit Guru е за тебе? Пиши ни во коментар, следи ги нашите Инстаграм и Фејсбук профили и очекувај го лансирањето на платформата на крајот на овој месец. А во меѓувреме можеш да се регистрираш на следниот линк за можност да добиеш до 25% попуст на првата нарачка по официјалниот почеток со работа на FitGuru.




Source link

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button